Срамно е да ги гледаме вака граѓаните каде стојат во коли и се туркаат за да добијат личен документ, а уште поголем срам е нефункционалноста на министерството за внатрешни работи да ја спроведе целата постапка. Истата не е изнудена од вчера, таа беше планирана подолг временски период, изјави вчера лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во емисијата Клик Плус.

Тој вели дека трошокот за новите документи требаше да ги сноси државата.

Требаше да им се каже на граѓаните “Да, имате рок толку време, дополнително се пролонгира рокот и сето тоа ќе биде бесплатно бидејќи вие не сте виновни за тоа што морате да ги промените сопствените документи”.

Дополнително Димитриевски потсети дека „Преспанскиот“ не се почитува и исполнува од грчка страна, дека централната и локалната власт таму си ја префрлаат одговорноста едни на други, како што случа со патказите на кои наместо новото име на нашата држава стои – Скопје.