Димитриевски играч на натпреварот Барселона – Рајо Валјекано

Осумте одбрани на стартот од шпанското фудбалско првенство му го донесоа на македонскиот голман Столе Димитриевски признанието за играч на натпреварот на „Камп ноу“, во кој неговиот Рајо Валјекано одигра без голови против Барселона.

Ова е трет меч во низа во кој чуварот на мрежата на репрезентацијата на Македонија остана несовладан против Барса, втор едноподруго на нејзин терен.