Димитриевски и Рајо Валјекано славеа над Барселона и на „Камп Ноу“!

Македонскиот голман Столе Димитриевски ја сочува својата мрежа и во второто соочување со Барселона сезонава, овој пат на „Камп Ноу“, каде што Рајо Валјекано одново славеше над каталонскиот гигант со 1:0 во шпанската фудбалска лига.

Чуварот на мрежата на репрезентацијата на Македонија, кој му одбрани пенал на Мемфис Депај во првиот меѓусебен дуел со Барса, спречи израмнување во втората минута од судиското надополнување, кога го запре ударот на Адама Траоре.

Тимот на Димитриевски испиша историја со тоа што првпат во Ла Лига два пати во иста сезона ја совлада Барселона, за која, пак, ова е првпат да загуби три натпревара во низа на домашен терен во една сезона.