„Апсурдно е тоа што Ковачевски кажа дека било добро што не пораснала цената на електричната енергија за 25%, пораснала само 9,5, кога и ова е шок за граѓаните, а знаеме и дека цените се пораснати, има инфлација, граѓаните немаат примања.
Да живеете во вакви услови со повисоки сметки, пораснати цени, едвај ќе врзуваат крај со крај, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина со наслов „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022 година“.
Таа додаде дека не можеме да бидеме оптимисти за оваа година затоа што владата предводена од СДСМ ниту работи, ниту се обидува да работи а тоа го гледаме по катастрофалната реализација на капитални инвестиции.
„ Не гледам од каде се толку оптимисти во владата затоа што во делот на капитални инвестиции ниту знаат а да реализираат ниту се обидуваат, оти таму имаат катастрофална реализација. Од друга страна го дотепаа приватниот сектор и нема да има простор за реинвестиција ниту ќе размислуваат компаниите за зголемување на плати. Во исто време личната потрошувачка не може да се реализира како што планираа бидејќи инфлацијата ги јаде. И експертите не веруваат дека ќе имаме инвестиции. Власта ниту има стратегија, ниту план, прават купи ден помини, и во бројките и планирањата гледаат само пиар и ништо друго„, потенцираше Димитриеска Кочоска.
Таа на крај посочи дека владата не покажува интерес да им помогне на компаниите и да ги отвори стоковите резерви бидејќи кога ќе заврши замрзнувањето на цените ќе следи нов ценовен шок, а тоа ќе се одрази да не очекува премногу тешка година.