По ставањето на Куманово во целосен карантин и откритието дека во овој град има голем број заболени здравствени работници во јавноста почнаа да се поставуваат логични прашања чии можни одговори се страшни.
“Ако е точна објавената информација дека во Куманово како најризично подрачје, се направени само 18 тестови, од кои 7 се позитивни, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето зошто ако има доволно тестови не се направат многу повеќе тестирања во најризичното подрачје, каде има заразени и здравствени работници”, прашува пратеникот Иван Стоиљковиќ кој живее во Куманово.
За лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија логично прашање е колку заболени би имало ако се спроведат препораките на светската здравствена организација за масовно тестирање.
” Ако се направат 180 тестирања што и не е толку многу, значи дека би можело да има нови 70 заразени”, заклучува Стоиљковиќ.