Во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок на Советот за безбедност кај претседателот, Стево Пендаровски, во врска со ширењето на коронавирусот, но шефот на ДИК побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потенцираше дека треба да се донесе одлука со „ладна глава“, бидејќи сега на прво место е здравјето на граѓаните.
Дерковски вели дека сепак, од ДИК истакнаа дека работат според Законотот и Роковникот и навремено ги преземаат сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагодат и ќе ја почитуваат секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација.