Петнаесетгодишно девојче, штитеничка на дом за деца без родители било претепано и слувано во Велес. Како што објави Телма, девојката во саботата попладнето се оддалечила од зградата кадешто е згрижена. Во полициската станица во Центар стигнала пријава дека девојчето е исчезнато.

Неколку часа подоцна, таа била во Велес – како што неофицијално дознава Телма, заедно со поголема група велешани со коишто таа се познавала. Била истепана, сексуално злоставувана, а потоа и веднаш однесена во болница на прегледи.
Настанот се случил во населбата Дворови во Велес, а полицијата веќе повикала две лица на разговор во врска со грозоморниот чин.