Девет починати, 509 нови заразени со Ковид-19

Во изминатото деноноќие потврдени се 509 нови случаи на Ковид-19.

Од Министерството за здравство исто така информираа дека во последните 24 часа се пријавени вкупно девет починати лица.

Починати се четворица пациенти од Скопје на 71, 66, 63 и 55 години и по еден од Охрид на 67 години, од Куманово на 68 години, од Кочани на 85 години, од Делчево на 61 година и од Демир Хисар на 84 години.

Во истиот период, регистрирани се 354 оздравени пациенти