Девет починати, 394 нови случаи на коронавирус

Од направени 2.236 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19.

Починале 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

ИЈЗ јави за 387 оздравени пациенти.