Три затворски казни, една условна и една ослободителна пресуда, е исходот од судскиот процес „Меѓународен сојуз“ што се водеше пред Одновниот кривичен суд во Скопје.

Бојан Јовановски – Боки 13 – 9 години затвор (по 5 години за делата измама и перење пари кои пресметани во единствена затворска казна од 9 години)

Јасна Ерцеговиќ – 4 години затвор (по 2 и пол години за помагање на двете дела, пресметани во единствена затворска казна од 4 години)

Фросина Ременски – Ослободителна пресуда (беше обвинета за помагање во делото измама)

Христина Блажевска – 1 година затвор (казната се однесува за помагање во делото перење пари, додека за помагање во делото измама таа доби ослободителна пресуда)

Миле Јовановски – условна осуда 2 години затвор кои нема да се извршат ако во рок од 5 годни не стори ново кривично дело

За виновен како правно лице е прогласен и Меѓународниот сојуз кој ќе треба да плати еден милион денари.

Според обвинителството бизнисмени биле измамени со проекти за старечки домови – за одбраната ова е конструиран случај.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје. Алсат М