Група од девет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Полска и Холандија, ветија дека ќе продолжат да обезбедуваат уште поголема воена помош за Украина, вклучително и најмоќните борбени тенкови.
„Ветуваме дека ќе работиме заедно за да испорачаме финансиски средства вклучително и главни борбени тенкови, тешка артилерија, системи за противвоздушна одбрана, муниција и борбени возила на пешадија за одбраната на Украина“, се вели во заедничката изјава на овие земји.
На веб-страницата на британската Влада е објавено соопштението на министрите за одбрана на Велика Британија, Естонија, Полска, Летонија и Литванија, како и претставници на Данска, Чешка, Холандија и Словачка по средбата во Естонија.
Помошта ќе опфати десетици системи за противвоздушна одбрана Стингер, противвоздушни топови, С-60, митралези, како и обука на украински војници, пренесува Ројтерс.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас претходно најави дека Велика Британија планира да испрати 600 ракети Бримстон во Украина за да ја поддржи таа земја во нејзината борба против Русија.
Одлуката е донесена пред клучниот состанок на кој ќе се официјализира одлуката за испраќање оружје во Киев, закажан за петок во Германија.