Тежок инцидент го одбележа доаѓањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и на неговиот албански колега Бајрам Бегај во задарско Арбанаси, кога при интонирањето на химната на Албанија дете од група во албански народни носии го развиори знамето на Голема Албанија.
Официјалниот преведувач им пријде на помладите припадници на албанското национално малцинство со албански знаменциња и го предупреди тоа со големоалбанското знаме да престани, по што тоа го послуша и го спушти.
Заедно со ликовите на албанскиот политичар Исмаил Ќемали и на воениот водач Иса Болетини, на знамето има и карта на Голема Албанија која ги вклучува териториите на неколку меѓународно признати земји, меѓу кои и западниот дел од Македонија, како и натписот „Автохтони“.