Професорот Тони Десковски инаку сопруг на екс министерката за образование и правда Рената ги коментира информациите според кои вицепремиерот Никола Димитров имал поддршка од странски фактори да стане премиер по Заев.
,,Читам по порталите дека меѓународната заедница имала многу желба за едно лице да биде премиер на државава, ама домашните чинители не го љубеле баш многу.
Јас пак, по Уставно право учев дека премиер се станувало со мнозинство во Собранието, што всушност го определуваат граѓаните на избори, преку избор на пратеници.
Човек се учи дури е жив! 😂😂😂”, пишува професорот на скопскиот правен факултет.
Тој не навлегува во прашањето дали ова правило важи и за Димитар Ковачевски кој не учествувал на избори туку беше окториран од страна на Зоран Заев за мандатар без да добие поддршка од гласачите.