Дескоски: Преговори со ЕУ не вредат многу, лошо сценарио за Макеоднија

Професорот од Правниот факултет во Скопје Тони Десковски со свој став за бугарската блокада и можностите што може да ги донесе почетокот на преговори со ЕУ кој според најавите нема да се случи во јуни.

Десковски коментира на статус на професорката Катерина Колозова која бара Македонија да направи компромис со Бугарија по секоја цена.

Професорот смета дека почетокот на преговорите со ЕУ нема да донесе многу бенефиции и дека Македонија се соочува со лоши сценарија.

,,Јасно е дека Бугарската блокада нема да се спушти без да се прифати главнината на нивните барања, веднаш или на одложено како дел од преговарачката рамка за ЕУ.

Но, по промоцијата на проектот на Макрон, станува јасно дека отворањето на преговори за членство во ЕУ баш и не вреди многу, зашто нема никаква извесност дека во повеќе децении тоа членство ќе се случи. Нашето место е очигледно во Европската политичка заедница.

Многу добра подлога за тезата: “сменивме име за Лесковачка….”
И за “ни име ни ЕУ”.
Многу лош развој на работите за нас”, пишува Десковски кој е сопруг на екс министерката за образование и правда.

Целата пишана дебата кај Колозова на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159897106319910&id=539184909