За прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“, оцени во објава на социјалните мрежи поранешната министерка за правда, Рената Дескоска.
Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема.
Ова треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет за преиспитување на својата улога во надминување на состојбите. И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја.
„Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне“, вели Дескоска.
„Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е “сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна.
Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас.
Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред“.