Десет починаа, нови 409 случаи на корона

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови.

Направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1….