Четири нови современи бајки од млади автори и илустратори се промовирани завчера во Скопје во чест на 10 години од основањето на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.
Четирите нови дела се: „Океанија“ од авторот Мартин Миљев илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од Јана Глигороска со илустрации на Јована Велинова-Трајанова и бајката „Зелда и Фе и болниот змеј“, чиј автор на текстот и илустрациите е Катерина Трајановска.
Движењето„Браво сине!“, чија цел е поттикнувањеи поддршка на талентот и креативноста кај младите, е во име на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше несебична поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.
„Денес, кога по десет години го сублимираме реализираното, со гордост можеме да кажеме дека нашите зацртани цели, на кои работиме со огромен ентузијазам, се постигнати. Нашата визија е даго одбележиме ова време, давајќи го својот генерациски придонес, а во чест на големиот креативец – Иво Лауренчиќ, да ја поттикнуваме креативноста, наместо просекот, да ја препознаваме и да ѝ дадеме облик на трајната вредност. Поврзувајќи го традиционалното творештво со новата естетика, од заборавените приказни и бајки веќе направивме препознатлив производ – ‘Бајки од Македонија’. Среќни сме со постигнатото досега, но ние не застануваме. Цела генерација млади креативци и автори излегоа на виделина и го најдоа своето професионалноместо. Убаво е да се види како најмладите веќе ги знаат своите омилени ликови токму од нашето поднебје. Последниве две години работиме на нови, современи бајки од Македонија, бајки од новото време. Овие дела ќе живеат подолго од нас, како влог за следните генерации“, рече основачот на движењето Ангелка Пеева-Лауренчиќ, пренесува СДК.мк.
Повеќе детали на овој ЛИНК
Фото: Имиџ ПР