И покрај тоа што сега состојбата со пандемијата е посериозна од летото кога се организираа парламентарните избори, претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, смета дека предвремените локални избори во Штип и Пласница нема да претставуваат нов кластер за ширење коронавирусот.

“Предвремените парламентарни избори 2020 година завршија на добар начин и покрај сите предизивици кои ги имавме сите кои бевме во организација, финалниот извештај на ОБСЕ го покажува тоа, кој го добивме пред неколку дена. Организацијата од страна на институциите беше одлично направена сите три дена, помина одлично и нормално со забелешката за објавувањето на резутатите, односно хакирањето на страната на ДИК.

И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме“, оцени Деркоски на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во рамки на Фестивалот на слободата.