„Постапката за набавката на софтверот беше спроведена на најтранспарентен начин, прв пат беше објавен тендер, се беше јавно и транспарентно.
Со ова излегува дека изгледа сме згрешиле што сме објавиле тендер“ изјави за Фокус претседателот на Државната изборна комисија кој е еден од четворицата против кој е покрената истрага од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за набавка на софтверот што се користеше на последните избори кога „падна“ системот на којшто се гледаа гласовите.
„Нека ѝ е среќа на државава со вакви постапки“, вели Деркоски.