Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој веќе четири години го носи дресот на „Наполи, има нова цена, пренесува порталот „Дерби.мк.
Офанзивецот има договор до 30 јуни 2025 година и засега нема најави за негово заминување, меѓутоа ако некој се реши да притисне и сака да го ангажира тогаш ќе мора да плати најмалку 50 милиони евра.
„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Од 50 милиони евра и никој не сака да чуе за толку пари. Сега можеби и ќе се најде купувач, ама никако за помалку од ова“, порачал италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“, пренесува порталот.