Дерала за БГНЕС: Антиевропски сили во РСМ сејат омраза кон Бугарија

Впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав е потполно нормално. Тоа ќе го отклучи процесот за присоединување на РсМакедонија кон ЕУ, каде што ќе седиме на иста маса со Бугарија и ќе ги решаваме проблемите, вели македонскиот новинар Џабир Дерала во интервју за бугарската агенција БГНЕС објавено денеска.

Тој вели дека во Македонија, едни и исти политички, бизнис и медиумски кругови се спротивставцуваат на евроатланткиот пат на земјата.

„Во РСМ има сили кои гледаат кон исток и не сакаат нашата земја да стане членка на Европската унија, како што не сакаа да влезе во НАТО. Тоа се истите структури кои не сакаат РСМ да се приближи до евроатлантската заедница и да ги исполни нејзините национални и стратешки интереси“ – вели Дерала.

Според него “напредокот на РСМ се претставува од тие сили како уништување на македонскиот идентитет и предавство на националните корени“.

Тој вели дека македонското општество е отворено и мирољубиво, но дека е „жртва на долгогодишната пропаганда, на јазикот на омразата и на дезинформациите“ и признава, како што пишува БГНЕС дека „во македонските медиуми и на соијалните мрежи се забележува една антиевропска, антизападна а во последните години и антиевропска реторика.

Во интервјуто, Дерала ушпте вели:

„Ако македонските граѓани сакаат да бидат во ЕУ и условот е да им подадат рака на Бугарите, тогаш мислам дека работите се целосно јасни“.