Депозитите на Македонците надминаа 5,3 милијарди евра, банките им се најсигурни за штедење

Македонецот и натаму најмногу сака да штеди во банка. Другите опции за вложување на слободните средства по се изгледа дека за нашите граѓани се уште не се толку атрактивни, како добриот стар орочен банкарски депозит.

Тоа го покажуваат и најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат на депозитите во февруари.

Тие говорат дека штедните влогови на домаќинствата во банките се искачиле на дури 5,3 милијарди евра, што во однос на еден месец претходно, односно јануари, значи зголемување за дури 46 милиони евра.

Тие 46 милиони евра се нови депозити кои граѓаните им ги дале на чување на домашните банки, без разлика на тоа што сега е време на криза и висока инфлација, па високите цени на речиси сите производи ги обезвреднуваат платите на најголемиот дел од граѓаните. Но, се уште има и такви кои наоѓаат начини да издвојат од своите месечни примања и да заштедат нешто, а најдоверливиот партнер тука и натаму продолжуваат да им бидат банките.

Податок кој радува во февруари е и фактот што депозитите во денари повторно се вратиле во банките, откако во јануари имало благ пад. Па така, во вториот во однос на првиот месец од годинава порастот на депозитите во денари изнесува дури 26 милиони евра, со што тие достигнале ниво од 2,524 милијарди евра.

Цела анализа прочитајте ја на Фактор.мк.

https://www.faktor.mk/zoshto-makedonecot-preferira-da-shtedi-vo-banka—nov-rast-na-depozitite-na-domakjinstvata-nadminaa-53-milijardi-evra?fbclid=IwAR0Y9NoXUWtwWtnCFEbZaPsbUzlRNWvLFM2bNrX7TMKX4wnAkczdXNQB5Pc