Германската партија Линке (Левица) обвини за „нечовечка депортациска пракса“, посочувајќи го примерот со двајца болни баратели на азил од Македонија, чие протерување чинело 30.000 евра.
Двајцата биле одбиени за азил и во 2017 година со медицински авион биле транспортирани од Хамбург до Скопје. Едниот на возраст од 53 години дошол во Германија во 2013 година, а другиот, 58-годишник, пристигнал во 2014 година.
Уште поскапо германската држава ја чинело протерувањето на болен 51-годишник од Гана, кој илегално влегол во Германија во 2001 година, а лани бил вратен со медицински лет во татковината за 56.000 евра, плус 3.000 евра за преведувач!
„Депортацијата со ‘авион брза помош’ е врв на нехуманата политика на депортација по секоја цена. Иако постапката е според законот, таа е брутална“, изјави портпаролката на Линке, Кристијане Шнајдер.