Денот кога се смени името: Возрасни мажи стоевме пред кордонот и плачевме

Скопјанец со иницијали З.Ј. се потсетува на денот кога Собранието го промени уставното име.

“Болката беше незамислива. Возрасни мажи стоевме пред полицискиот кордон и плачевме. Браќата пееја патриотски песни и пиеја ракија.

Ја нудеа за душа на Македонија.

Имаше и полицајци кои плачеа со нас.

Еден од полицајците е од Автокоманда. И тој плачеше.

Имаше и полицајци кои се смееја и провоцираа. Па им фрлавме патарди од далеку а браќата ја тресеа оградата.

За брзо време дојдоа две коли со ,,Алфи” кои почнаа да провоцираат и да ги влечат браќата а ние се повлековме кон споменикот на АСНОМ.

Имаше уште по некој постар човек кои гласно пцуеја.

Џабе.

Најтешкиот и најлошиот ден во мојот живот…

И многу беше ладно. Но тој студ е ништо во споредба со студот во душата.

Помизерно не сум се чувствувал никогаш. Мал и недостоен. Посрамотен и згазен. Скршен.