Денко Малески од јуни не е советник на претседателот Пендаровски

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, информираат дека професорот Денко Малески повеќе не му е советник на шефот на државата, како што велат од таму, поради кратењето на средствата за договорни услуги.

„На дел од надворешните советници им завршија годишните договори за соработка со Претседателот на почетокот на јуни 2020, меѓу кои беше и професорот Малески. Поради пренамена на значајна сума на средства од буџетот на Претседателот, за фондовите за справување со пандемијата на КОВИД-19, Кабинетот изврши реструктурирање на средствата во годишниот буџет и во таа насока се скратија и дел од договорните услуги“, се вели во појаснувањето од Кабинетот на текст објавен на Пресинг ТВ.

Претседателот се огради од Малески кој во колумна и во интервју за една бугарска телевизија тврдеше дека Гоце Делчев бил етнички Бугарин и дека македонскиот и бугарскиот се еден ист народ.