Православните христијани денеска го празнуваат Богојавление еден од најголемите христијански празници кој , поради пандемијата, ќе биде одбележан без традиционалните големи собири за вадење на светиот крст од осветени води.
По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со ковид-19, годинава продолжува традицијата на положување на крстот во осветените води, а бројот на луѓе кои ќе може да влезат во водите ќе биде ограничен.
Празникот Водици или Богојавление се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
