Пратеникот Антонио Милошоски за денеска најави нов протест на кој ќе се бара оставка на Заев.

Протестот со возила ќе започне во 12 и 30 часот на две места, спортските центри  Борис Трајковски и Јане Сандански а ќе финишира пред Владата.

Синоќа протести се одржаа во 7 градови по изнесените ставови на премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС.

Антонијо Милошоски од протестот во Велес порача дека премиерот Зоран Заев дека треба да поднесе оставка и го опиша како „прилично неурамнотежена личност и политичар“.

„Треба да се обединиме против еден човек којшто е прилично неурамнотежен и како личност и како политичар и да ја зачуваме Македонија и како држава и да овозможиме да се движи напред“, рече Милошоски.