Денеска пресуда за Рашковски!

Основниот кривичен суд – Скопје денеска се очекува да ја објави пресудата за предметот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Првообвинетиот Драги Рашковски, е обвинет дека не ги почитувал службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.