Денеска почнуваат четвртфиналните битки на 22. издание на Светското првенство во фудбал во Катар. Од 16:00 часот по средноевропско време, Хрватска се соочува со Бразил, а вечер се среќаваат Холандија и Аргентина од 20:00 часот.

Вицешампионот на СП од 2018 година, Хрватска ќе се соочи со петкратниот светски шампион Бразил. Златко Далиќ и неговите избраници го скршија отпорот на борбените Јапонци во осминафиналето откако ремизираа 1:1 во регуларното време и продолженијата и 3:1 на пенали.

Тие денеска ќе се потпрат на уште еден силен настап на Доминик Ливаковиќ на голот, како и на искуството на Лука Модриќ и Иван Перишиќ, за да стигнат до второто по ред полуфинале на Светското првенство.

Бразилците триумфираа во двете претходни средби со Хрватите на светските финалиња, и двете во групната фаза…

Холандија до денешната „блиска средба“ со Аргентина, стигна по успехот од 3-1 над САД, во серија од 19 натпревари без пораз под водство на селекторот Луј ван Гал од доаѓањето на специјалистот за третото место на чело во август минатата година.

Од своја страна, Аргентинците имаа проблеми против Австралија, но на крајот успеаја да победат со 2-1. Лионел Меси и компанија го продолжуваат маршот до финалето, но ќе мора да ги минат тактички добро пласираните Холанѓани.