Денеска нови аномалии на судењето за 27 април

Исфрлањето на адвокатите на обвинетите за 27 април предизвика проблем кој не може да биде решен преку ноќ.

А само толку, една ноќ имаа новите адвокати по службена должност што вчера беа назначени од судот.

Проблемот со адвокатите по службена должност е што за овој најтежок и најкомплексен случај со политчика, веќе нотирана позадина, е што не може некој да брани обвинети а да не ги знае сите детали од предметот.

Со оглед на тоа што адвокатите по службена должност не ги следеле рочиштата и за случајот се запознаваат преку ноќ, ќе нема време ни записниците да ги прочитаат по еднаш, и затоа е јасно е дека никој од нив нема да може да подготви соодветна одбрана што е класична дискриминација на обвинетите.

Ова е особено важно за одбрана при распит на загрозен сведок кој новопоставените адвокати кои имаат само неколку часа за да се информираат за случајот по што ќе треба да утврдуваат вистинитост на исказот и да подготват вкрстени прашања.

Адвокатите вчера казнети и исфрлени од судот најавија жалби до адвокатска комора, судски совет, амбасади….

Се работи за прелевање на чашата после сите повреди на постапката кои се случија за што веќе известија и независните набљудувачи од Коалицијата за праведно судење.

Меѓу работите за кои меѓународната јавност го смета за тортура беа и бројните маратонски судења по 14 – 15 часа на кои беа изложени обвинетите и нивната одбрана.