Бугарската Фондација Македонија, на Милен Врабевски, соопшти дека денеска во Пустец, Мала Преспа, нема да биде отворен бугарски културен клуб како што претходно најавија.
Во Пустец ќе биде отворен бугарски културен клуб
На фејсбук, од Фондацијата објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.
“Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост“, стои во објавата.
Бугарите се тука во Пустец да го одбележат нашиот национален празник – 24 ти Мај – Денот на бугарската писменост – во нашата зграда во селото“, објавија на Фејсбук од Фондацијата.

