Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски на прес-конференцијата во понеделникот соопти дека денескја РКЕ ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари 2023 година.
АД МЕПСО за пренос на електрична енергија, „ЕВН електродиструбуција“ за дистрибуција и „ЕВН хоум“ за вршење на дејноста универзално снабдување со електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата, поднесоа барања за нова цена на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари до РКЕ.
„Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 отсто.
РКЕ ги определува цените без ДДВ, а зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто ќе има влијание на крајниот трошок од 4,72 отсто“, рече Бислимоски во понеделникот.