Денеска без минусни температури, некаде и до 18°C

Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови предвидуваат за денеска од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според УХМР, во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а веќе во сабота, под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег.