Денес пресуда за убиството на Денис Тот

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје на 7 април годинава.

За кривичното дело убиство, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје обвини три лица: Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19).

Обвинителката Тања Трајчевска, побара тројцата обвинети да бидат прогласени за виновни бидејќи, се докажало дека тие го сториле кривичното дело за кое се гонеле: Пткако Тот паднал на асфалтот бил удиран од обвинетите додека беспомошно лежел, тоа зборува дека тројцата обвинети го извршиле кривичното дело со умисла и оти биле свесни дека можат да настанат штетни последици.

Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда бидејќи според бранителите на тројцата обвините, никој од нив не ги задал ударите што биле фатални за хрватскиот ракометар, а обвинителството не докажало дека се исполнети „битијата“ за кривично дело убиство.