На денешен ден пред три години фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:1 во Истанбул и станаа првата македонска екипа што се пласирала во групната фаза од Лига Европа.

Џаба Џигаури во 68. минута и Никола Глигоров во шестата минута од судиското надополнување го анулираа водството на Турците преку Роман Нојштетер во 61. минута и го потврдија триумфот од 2:0 на првата средба во Скопје.

Во групата со Реал Сосиседад, со Зенит од Санкт Петербург и со Розенборг „црвено-црните“ освоија еден бод, ремизирајќи 1:1 со Норвежаните во последното коло на Националната арена „Филип Втори Македонски“.

Претходно, најтрофејниот македонски фудбалски клуб во квалификациите за Лигата на шампионите го елиминира Малме (1:1 во Шведска и 3:1 во Скопје), но беше запрен од Копенхаген (1:0 во Скопје и 1:4 во Данска), па во баражот од Лига Европа преку Фенербахче стигна до групите од ова натпреварување.