Локалната и државната власта на ДУИ и СДСМ воопшто не реагира на протестот со кој денеска беше прекинат сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар кај селото Долно Косоврасти.

Властите не ветуваат дека ќе обезбедат вода за над 1000 жители на две села кои иако се наоѓаат до реката Радика, до Дебарското Езеро, до изворите на минералната вода во бањата Косоврасти и се приклучени на регионалниот водовод Росоки Дебар со недели немаат вода поради што се решија на радикален чекор.

Околу 16 часот заврши блокадата на регионалниот пат Маврово – Дебар на околу два километри пред Дебарските Бањи.

На протестот се појавија стотина луѓе Од селото Долно Косоврасти кои бараат решение на нивниот проблем.

Проблемите на жителите на овие села се интензивирале во текот на летото кога во Дебар се враќаат огромен број на печалбари но тие не се решаваат ниту сега кога градот е празен.

За некои од жителите немањето на вода е знак дека локалното раководство на Дебар кое е под контрола на ДУИ и СДСМ преку водата се одмаздува што овие партии изгубија катастрофално на последните локални избори во овие села.

,,Ве известуваме дека поради проблемот со водоснабдувањето во Долно Косоврасти кој е присутен повеке од месец дена и поради нереагирање на надлежните институции по нашите пријави, на 04.01.2023 година (Среда) во 14:30 часот ке биде организиран јавен собир (мирен протест) во близина на Дигипс и ќе биде блокиран патот, освен за возила на итна помош, полиција и противпожарна служба.
Јавниот собир е уредно пријавен во Министерство за внатрешни работи и ќе биде откажан доколку не биде исполнет условот за минимум лица кои протестираат предвиден со Закон, затоа дојдете, искажете го
незадоволството и јавниот собир да биде успешен”, пишуваше во најавата за утрешниот протест.

Цело село до водовод, река и езеро цел месец нема вода за елементарни потреби