„Вработувањата во Коридорот 8 претставуваат пренасочување на вниманието. Артан Груби ќе вработува и ќе унапредува Албанци во државната администрација.“ – тврди опозициската партија Демократско движење на Изет Меџити.
ТВ 21 го пренесува соопштението на оваа партија од албанската опозиција: „Во изминатите 20 години од регионот на Гостивар и Тетово излегоа повеќе од 15 илјади правници и економисти, а градежни инженери речиси во симболична бројка.’ – овие податоци ги изнесува опозициското Демократско движење на Изет Меџити во контекст на изјавата на вицепремиерот Артан Груби за 2 илјади вработувања во Бехтел Енка, за да работаат на Коридорот 8.“
„Излегува дека при овие вработувања ќе има само физички работници (можеби и со факултети), бидејќи градежни инженери-Албанци тешко дека ќе се најдат. Знае и Груби дека меѓу овие 2 илјади вработени ќе има и Македонци изјаснети како ‘Албанци’, бидејќи се уште има такви вработувања, кои се оправдуваат со ‘врамнотежувачот’ (‘балансерот’) за вработување на ‘Албанците’.“
„Во контекст на вработувањата, треба да се нагласи дека во 2022 година во државната администрација биле вработени вкупно 382 Албанци, додека во 2023 година (до овој месец) само 124. Груби треба да знае дека во минатото динамиката за постигнување на процентот била вработување околу 1500 Албанци годишно. Иако министерот за финансии е Албанец, не се дозволуваат вработувања во државните институции.’ – се наведува во соопштението на Демократското движење.
„Од Демократското движење велат дека прашањето за вработување, заради изградбата на Коридорот 8, што се однесува до Албанците, ќе биде донекаде проблематично, бидејќи младите, особено Албанците, заминаа во различни земји во потрага по подобар живот. Според нив, ова покажува дека Груби лаже во врска со подобрувањето на благосостојбата на Албанците и и оти ќе биде мал бројот на Албанците меѓу оние две илјади лица, кои се очекува да бидат ангажирани за работите на делот на Коридорот 8, што почнува од Гостивар во насока кон Кичево.“