„Демокрација“: Заев ги продал Македонците за 30 милијарди евра

„Така работи левицата: Македонскиот премиер Зоран Заев ги продал Македонците за 30 милијарди евра“, е насловот на текстот за името во словенечкиот весник „Демокрација“.

Во него весникот пишува дека сите се прашуваат како грчкиот и македонскиот премиер Ципрас и Заев толку брзо нашле решение за проблем стар 27 години, кој што никој не можел да го реши.

Притоа се цитираат грчки извори, според кои двајцата премиери биле поткупени.

„Ципрас и Заев, двајца радикални левичари кои што би го продале својот народ за пари. Според пишувањето на ‘Прототема’ за промена на името во Северна Македонија во форма на проект по налог на ЕУ, Македонија ќе добие 30 милијарди евра (три бруто домашни производи), а Грција неверојатни еден билион евра“, пишува словенечкиот весник.