В.д. министерот за внатрешни работи на Бугарија кој ја предводи бугарската делегација на денешното чествување на Гоце Делчев во Скопје е разочаран што тоа не е направено заедно со македонските власти, јави БГНЕС.

„Јас предложив тоа да се случи и денеска, но не беше прифатено од македонска страна, но многу верувам дека следната година нема да биде така“, рече Демерџиев.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи е на чело на бугарската делегација, која ќе оддаде почит пред саркофагот на нашиот голем револуционер Гоце Делчев, кој се наоѓа во црквата Свети Спас во Скопје.

Пред гробот Делчевсе очекува да се поклонат околу 100-150 Бугари.

Министерот Демерџиев најави дека има податоци за запрени Бугари долж границата со РСМ.

„Две работи ми се важни – не само дали ќе бидат стопирани, туку и како ќе се обработуваат нивните документи“, рече тој.