Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија.
Оваа порака денеска во Благоевград ја пренесоа Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски од Демокртаскиот сојуз.
Делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб.
