Пишува: м-р Свето Тоевски

Што се Бугарите, или Македонците кога ќе заминат денес на работа во Германија? Дали се Германци, според државјанството, а Бугари и Македонци, според етничката припадност? Толку и Гоце Делчев бил „Бугарин“ и сета плејада македонски револуционери, кои живееле и ја остварувале својата револуционерна дејност во Бугарија во нивното време: биле бугарски државјани според живеењето во државата Бугарија, но и Македонци според сета своја национална дејност, применувајќи ги револуционерниот концепт и ослободителната платформа, развиени од Македонската револуционерна организација во борбата против великобугарскиот врховизам. Ова е она, што имам да му го порачам на проф. Драги Георгиев, соопретседателот од македонска страна на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања.

Македонците во Бугарија биле бугарски државјани, а не етнички Бугари, задржувајќи ја својата национална припадност како Македонци по род, душа и јазик

Според Георгиев, „споровите за самоопределувањето на Гоце Делчев се бесмислени, тој самиот не го ни користи зборот Македонец, а Македонија се користи само кога е во прашање името на организацијата.“ Демек, тоа го покажувале „откриените документи“. Но, нека обрне вимание Георгиев на времето кога ќе бидат „откриени документите“ и за него дали е случајно „инсталиран“ на позицијата директор на Институтот за национална историја и како академик во Македонската академија на науки уметности, или со цел да се придаде „научна тежина“ на неговите брутални фалсификати на личноста и делото на Делчев, како и на македонската историја.

Толку и премногу за Георгиев и неговите валкани обиди да го „избугари“ Делчева, ова „избугари“ во значење и да „се расипе“, да се „измелези“, како што се користи во мариовскиот говор. Сега за „бугарењето“ уште еден ама објективен научен поглед. Зошто европскиот пратеник Џамбаски, лидерот на бугарската партија „Преродба“ Костадинов, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Милков и сите многубројни „санстефански роднини“ се обидуваат повеќе од еден век да ги „избугарат“ Македонците?

„Вечната мизерија на Бугарија“ и „комплексот на ниска вредност на Бугарите“

Универзитетскиот професор Пламен Цветков, доктор по историски науки, кој работел едно време и во Институтот за историја при Бугарската академија на науки, има дадено интервју за Светскиот информативен сервис на Дојче веле, објавено на 4 септември 2011 година под наслов „Бугарите имаат историски комплекс на ниска вредност“. Во воведниот дел Дојче веле ја изнесува следнава констатација, произлезена од ставовите на Цветков: „Комплексите на Бугарите ги обременуваат историските сеќавања – митовите, легендите и сомнителните икони им ја пишуваат историјата.“

Натаму бугарскиот историчар Цветков нагласува: „Историското сеќавање на Бугарите во голема мерка е обременето од комплексот на ниска вредност. Во создавањето на тој комплекс основна улога има неколкувековното османлиско владеење во бугарските земји. Од таму е и тој страв вкоренет во секој од нас – да се открие дека сме роднини на Турците!.“

Поставувајќи го прашањето „Какви Словени се Бугарите!“ и објавувајќи една карикатура со натпис „Бугарите се плашат да не се открие дека се братучеди со Турците“, натаму во интервјуто Дојче Веле го цитира следното искажување на историчарот Цветков: „Токму ирационалниот страв да не се покаже дека сме ‘братучеди’ со комшиите од југоистокот го потхранува најсилниот мит од предкомунистичкиот период во бугарската историја, за словенското потекло и словенскиот идентитет на Бугарите.“

„Вечната мизерија’ на Бугарија и традиционалното плачење за нејзините национални катастрофи, немаат корени само во националниот, туку во целиот балкански менталитет.“ – заклучува државниот германски медиум Дојче веле.

„Македонскиот комплекс“, „комплексот на пониска вредност“ на Бугарите во однос на Македонците

Моите истражувања низ научната литература за теоријата и праксата на идентитетот укажуваат дека кај Бугарите постои не некаков неодреден „комплекс на ниска вредност“, туку сосема дефиниран „македонски комплекс“, односно „комплекс на помала идентитетска вредност“ во однос на Македонците. Колку повеќе „јуришаат“ Бугарите на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската национална историја, толку повеќе се покажува силината на нивните обиди со „македонскиот материјал“ да ги пополнат огромните и предлабоки „дупки“ во нивниот идентитет.

Бугарија и Бугарите се потонати во длабока „темнина“ со векови. Нивната темнина е „безидентитетска“: тие се уште немаат осознаено ниту кои се по потекло, ниту од каде дошле на Балканот. Бугарите се потонати во „етничко-лингвистичка магла“ и продолжуваат да талкаат, барајќи се себеси низ распаќата на историјата на Евроазија. Колку и да крадат од Македонците песни обичаи, јазик, идентитетски елементи, сепак, не може сосила да се исконструира Бугарин, користејќи го Македонецот како основа. Ниту може Македонецот да се престори Бугарин, да измеси како „бугарско тесто“. Кога ќе успее некој да ги помеша водата и огнот, е тогаш Македонците и Бугарите ќе станат „един народ“!

Бугарскиот народ се уште нема свој оформен, искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Бугарите имаат „комплекс на неосознаен етнички и лингвистички идентитет, појасно кажано, имаат големи дупки и празнини во конструкцијата на својот национален и јазичен идентитет. Светски угледната „Енциклопедија британика“ нагласува: „Бугарите се народ, кој е се уште предмет на академски спор во однос на нивното потекло (турско или индоевропско“, како и за нивното влијание врз етничката мешавина и јазикот на денешна Бугарија“.

Бугарите како „мешани етнолингвистички луѓе“ немаат никаква врска со Македонците и македонската историја и идентитет

Бугарскиот историчар, етнолог и филолог Веселин Бешевлиев, член на Бугарската академија на науки и уметности, е еден од нивните најголеми научни авторитети за потеклото и најраната историја на Бугарија и Бугарите. Во својата широко цитирана научна студија со наслов „Првобугарски натписи“, објавена во 1935 година и преобјавена во 1992 година, за својата држава и народ има напишано: „Турко-бугарското племе Оногундури, кое ги напуштило своите животни простори околу Меотидското езеро (денешно Азовско море) и реката Куфис (денешен Кубан, во Русија) и дошло на Балканскиот простор, основало во 681 година своја нова држава во денешна Североисточна Бугарија и Добруџа. Основачите Оногундури, кои, за разлика од сегашните Словени-Бугари, се означуваат како Првобугари, Прабугари, или Турко-бугари, имале раководна улога во државата до околу 11-иот век.“

Во книгата за „потрагата на Бугарите по прататковината“ Пламен В’лов во цитира бугарскиот академик-историчар Васил Ѓузелев, кој нагласува: „Прататковината на така наречената турко-алтајска заедница, кон која припаѓаат не само Прабугарите… е источен Казахстан, од каде што започнува нивното патување кон запад…“.. Според Ѓузелев, „прабугарскиот јазик во натписите и други паметници е во основата турски-алтајско-турски јазик со ирански заемки како вторични слоеви.“

Во научниот труд „Словените, Турците Индо-иранците во раниот среден век“ – јазични проблеми на бугарската етногенеза“ тракологот-историчар Стефан Јорданов вели дека „тракиската’ и ‘словенската теорија’ за етнојазичната припадност на Прабугарите немаат приврзаници во научната јавност“. Но, Јорданов прифаќа можности „Прабугарите да биде Турко-алтајци, Фино-угри, Сармато-алани или мешани етнолингвистички луѓе“. Исто така, и уште еден врвен бугарски научен авторитет го отфрла митот дека Бугарите се Словени по потекло: академикот-професор по медицински науки Ангел Галабов во едно интервју го прави следното разликување: „Прабугарите ги одредуваа гените на нашиот народ, а не Словените. Прабугарите го дале името Бугарија и тие се носители на нејзината државност, цивилизација.“

„Идентитетски изгубените“ Џамбаски и Костадинов нека испитаат дали се Оногундури, Турко-алтајци, или Сармато-алани и да не се осмелат повеќе да доаѓаат во Скопје и да се дерат против Македонците

Е, сега, каква етничко-идентитетска поврзаност и „заедничкост“, каква „заедничка историја“ имаат Македонците со Оногундурите, со Турко-алтајците, со Сармато-аланите, или што и да биле Бугарите првично?! Каква врска и „заедничкост“ има македонскиот јазик со турко-бугарскиот јазик, со прабугарскиот или што и да бил првичниот бугарски јазик?! Како е можно македонскиот јазик да бил дијалект, или „расипана норма“ произлезена од бугарскиот јазик, или македонскиот јазик да е создаден во 1944 година?! Големи разлики има меѓу современиот македонски и современиот бугарски јазик на фонетско, морфосинтаксичко, лексичко рамниште, а разликите на антрополошко-лингвистичко рамниште се немерливи.

Дилемите на Бугарите за нивното етничко потекло и јазик се денес дел од главните причини зошто посегаат по македонскиот идентитет, јазик и историја: бидејќи се уште немаат осознаено што се и кои се, од кај се по потекло, тие сето тоа го „разјаснуваат“, крадејќи ги идентитетот, јазикот и историјата на Македонците, кои се присутни на Балканот многу векови пред да дојдат во него претците на денешните Бугари. Македонците немаат потекло од иранските или турските степи, од азиски или други простори како Прабугарите. Македонците како народ настанале пред околу 3 илјади години на простори илјадници километри подалеку од прапределите на бугарскиот народ. Македонците немаат турско-алтајски, ирански или други лексички слоеви во македонскиот јазик.

Вистината во врска со соодносот меѓу Бугарите и Македонците треба да се бара во насока целосно обратна од „санстефанските“ великобугарски идиотштини: всушност, откако дошле на Балканот во следните векови од нивниот етнојазичен развој Бугарите започнале делумно да се словенизираат, а потоа и да се македонизираат преку контактите со македонскиот етнос. Македонците влијаеле врз денешните Бугари, а не Бугарите врз Македонците!

„Егејска Македонија е трезорот на македонскиот идентитет“ – таму настанале денешниот македонски народ и јазик

Кои се Македонците, каде настанал нивниот етнос, идентитет и јазик? Во својот научен труд „Македонскиот лингвистички и етнички идентитет во западна Егејска Македонија“ од 2001 година германскиот лингвист-славист Кристијан Фос вели: „Егејска Македонија е сефот, трезорот на прототипскиот македонски идентитет“. Пред дваесеттина години Фос реализирал научна студија со теренски дијалектолошки истражувања во 270 македонски села во Егејска Македонија, во северна Грција и успеал да се нурне во битието на македонскиот народ и јазик.

Тој со аргументи докажува дека во најраните периоди на својата етногенеза и лингвагенеза, во антиката, македонскиот народ со својот македонски идентитет и македонски јазик настанал на просторите на Егејска Македонија: во Костур, Воден, Кукуш, Постол, Солун, Лерин… А токму и македонската револуционерна легенда „Бугаринот“ Гоце Делчев е роден во Кукуш. Постои уште цел океан научни студии на угледни светски научници, кои ги потврдуваат овие факти и аргументи, што ги фалсификуваат „сложните браќа“ Бугари и Грци.

Време е да Македонците да тргнат по стапките на својот водач Делчев, тој огромен светилник на македонската слобода и на македонизмот

Затоа, денес кога Бугарите се запенавија да го присвојат и Делчев, кој е, всушност, еден од главните столбови на македонскиот национален идентитет, оваа генерација Македонци мора да тргнат по стапките на својот водач, кој, иако физички го нема, сепак токму сега најмногу зрачи како огромен светилник на македонската слобода и на македонизмот! Делчев му имаше кажано своевремено на бугарскиот врховистички генерал Николаев дека „нема да му се дозволи на никому да прави политика со Македонија и со Македонците“. Така и Македонците денес мора да спречат било чии обиди да се прави политика со нив и со нивната македонска држава.

Во оваа смисла, најпрвиот чекор е Македонците да си одговорат на прашањето: до кога ќе и се дозволува на оваа Влада да и служи на Софија и да прави бугарска политика, наместо да води македонска национална политика? Бидејќи, со денешната полициска опсада на Скопје и на гробот на Делчев оваа Влада отиде толку далеку да му забрани на Македонецот да му се поклони на својот Апостол!

Денешното обесчестување на ликот и делото на македонскиот великан Делчев во режија на Владата на Македонија мора да биде поука за следната Влада без колебање да го поништи „Бугарскиот договор“ со сите негови „француски предлози“ и „преговарачки рамки“, за да не се повтори ова понижување на Даскалот, на неговата Македонија и на неговиот македонски народ и во следната 2024 година.

Со години се повторува “Гоце Делчев е Македонија“, но сега е времето да се покаже дека и „Македонија е Гоце Делчев“!