Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал побара да се распише меѓународна потерница за рускиот претседател Владимир Путин.

„Путин е воен злосторник“, изјави Карла Дел Понте за швајцарскиот весник Le Temps во интервју објавено вчера пренесе Њујорк пост“.


Во Украина се извршен воени злосторства, вели таа.

„Се надевав дека никогаш повеќе нема да видам масовни гробници“, изјави таа за весникот Blick. „Овие мртви луѓе имаат најблиски кои не ни знаат што се случило со нив. Тоа е неприфатливо“.

Според неа во воени злосторства што таа ги идентификуваше во Украина се и напади врз цивили, уништување цивилни згради, па дури и рушење на цели села.

Таа смета дека истрагата во Украина ќе биде полесна од онаа во Југославија, бидејќи самата земја побарала меѓународна истрага.

Дел Понте вели дека би било можно дури и Путин да одговара.

„Не смеете да се откажете, продолжете со истрагата. Кога започна истрагата за Слободан Милошевиќ, тој сè уште беше претседател на Србија. Кој би помислил тогаш дека еден ден ќе биде осуден? Никој“, изјави таа за Blick.

Дел Понте додаде дека треба да се спроведат истраги за можни воени злосторства извршени од двете страни, посочувајќи и на извештаите за наводното мачење на некои руски воени заробеници од страна на украинските сили.