Откако пропагандата на власта почна да објавува дека премиерот Ковачевски редовно јаде сендвичи, тостови и друга сува храна дел од јавноста со доза на иронија искажува загриженост за неговото здравје и начин на исхрана.
,,Го скинавте сендвичи Премиерот..Ќе го фати запек. Дајте нешто чорба ова она”, пишува саркастично аналитичарот Даме Чкатроски.
Откако владината пропаганда почна да споделува што јаде премиерот и Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит е загрижен за исхраната на Ковачевски.
,,Дали појадуваше бе премиерот, се знае ли нешто, го мислам цел ден?”, пишува Илиевски.
Сценаристот Божидар Божиновски со поинаков коментар кон манијата на Ковачевски да се слика и да се фали дека јаде сува храна која што ја викаат и џанк или ѓубре храна.
“Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на РЕК Битола.” е изјавата на Ковачевски која Божиновски ја коментира на овој начин.
,,Кај ги искраде работниците сега оди и во мензата да им јади, да нема за нив… А комбинацијата тек е за бар шест месеци затвор, мортадела и сок од боровница”.
Според него Македонците имаат високи очекувања од чоек што меша сендвич со салама со сок од боровинки.