Деца од целиот свет од градови каде се изучува македонскиот јазик на Македонците им честитаат Велигден.
На иницијатива на група наставници по македонски јазик од разни делови на светот преку песна, рецитали и пораки децата кои го изучуваат македонскиот јазик на Македонците им пожелуваат среќен Велигден и добро здравје.
Во видеото ќе чуете богатсво од различни акценти и акцентски целости но ќе ја препознаете и љубовта кон македонскиот јазик и Македонија.
Посебна благодарност за видеото од сите Македонци до наставничките по македонски јазик од 9 градови низ светот кои учествуваа во изработката на ова видео.
Уживајте во македонското богатство распослано низ светот