Премиерот Ковачевски прогласи победа на Турската Демократска партија на изборите за градоначалник на Центар Жупа.
Старо новиот градоначалник Аријан Ибраим и неговата партија ТДП беа коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ а сега се дел од коалицијата на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ во Жупа немаше свој кандидат.
Од друга страна во Тетово на изборите за локалниот совет владечката партија на Ковачевски доживеа многу лошо резултат во однос на ВМРО-ДПМНЕ која убедливо води на сите избирачки места во однос на СДСМ.
Битката за контрола на советот на Тетово се води меѓу БЕСА и ДУИ со тоа што опозицијата поради добриот резултат на ВМРО-ДПМНЕ може да го контролира советот дури и ако БЕСА има помалку советници од ДУИ. Еден советник се очекува да добие и Левица.
Влатко Ѓорчев на својот фејсбук профил пред 8 часот објави дека ВМРО-ДПМНЕ во дотогаш преброените 5 избирачки места го победува СДСМ на сите 5.
-Тетово Избирачко Место 1974 ОУ Лирија
ВМРО 116
СДСМ 62
-Фалише (Тетовско)
ВМРО 121
СДСМ 78
-Тетово, избирачко место 1971:
ВМРО 38
СДСМ 17
-Тетово ИМ 1951 ОУ Братство
ВМРО 50
СДСМ 33
-Тетово ИМ 1969 Биро за вработување
ВМРО 166
СДСМ 94
Линк од фејсбук статус:
https://www.facebook.com/VladimirGjorcev
Според прелиминарните резултати во Маврово Ростуше на изборите за градоначалник се очекува победа на коалицијата на СДСМ.