Давидовиќ: Не може Јанева од притвор да дава наредби

„Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител. Но, ова е смешна и апсурдна ситуација која покажува колку се некадарни сите институции особено Советот на јавни обвинители, кој дури пред неколку дека даде предлог до Собранието за разрешување на Катица Јанева. Согласно Законот за СЈО, тие тоа требаше да го сторат многу порано, односно откако на Јанева и беше определена мерка притвор”, вели адвокатот Давидовиќ, пренесе МКД.МК.

Давидовиќ исто така смета дека Јанева нема право да бара предметите од СЈО да бидат предадени во Јавното обвинителство, бидејќи тоа е спротивно на законот за СЈО.

Адвокатот Давидовиќ смета дека додека Јанева е во притвор може единствено да комуницира со својот бранител. Адвокатот Давидовиќ смета дека смешно е специјален јавен обвинител на издава наредба за предавање на предмети во друго обвинителство.

Што би било следно, прашува Давидовиќ, Јанева да побара притвор за некој осомничен од предмет на СЈО додека самата таа е во притвор?