Ао високи функционери, и тоа функционери на кои им биле доверени највисоките функции во државата, можат толку лесно да бидат заведени, што ли останува за ниските полициски службеници, или членови на граѓански здруженија, но во тој предмет – 27 Aприл, истиот сведок не тврдеше дека останатите се заведени“ – констатира во колумна за „Фокус“ адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.
„Основниот Кривичен суд во Скопје пред повеќе од една и пол година донесе пресуда за предметот за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. На обвинетите што останаа обвинети во предметот и не беа амнестирани со срамниот Закон за амнестија, Судот им изрече вкупно 211 години казна затвор.
Само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, додека поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски добија затворска казна од 15 години. Оливер Поповски е осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор.
За настаните во Собранието во овој предмет беа обвинети 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок, а 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија, меѓу кои, најголемиот број беа пратеници, кои ги отворија вратите на Собранието и ги повикуваа луѓето да влезат внатре, а кои подоцна ги дадоа своите гласови за промена на името согласно Преспанскиот договор.
Начинот на кој Судот го водеше предметот и маратонските рочишта беа нотирани и во месечните извештаи за состојбата со човековите права на невладините организации, во кои извештаи стоеше дека во судскиот процес се постапува на штета на обвинетите, особено во делот на динамиката на судскиот процес и неможноста за адекватна подготовка на сите учесници во постапката. Дејан Давидовски Дешо, обвинет во истиот предмет, а кој беше во бегство, не беше екстрадиран од Шведска со поразително образложение за нашето судство и предметот.
Во текот на постапката пред Судот продефилираа и сведочеа сите политичари кои се во мигот на високи државни функции. Второстепена пресуда, и покрај одржаната јавна седница пред многу месеци сѐ уште не е донесена.
Деновиве е во тек предметот за организаторите на настаните од 27 април, кои се обвинети за истото кривично дело, а меѓу обвинетите, се поранешниот претседател на Собранието, двајца поранешни министри и поранешен директор на УБК. И во овој предмет сведочат највисоките државни функционери.
Еден од нив во своето сведочење кажа дека сите овие обвинети, поранешни високи државни функционери биле заведени од поранешниот премиер, кој е организатор на настаните од 27 април 2017 година во Собранието…