Во врска со скандалот околу предвременото полагање на правосуден испит на лица кои се уште не дипломарале меѓу кои и синот на претседателот на Собранието со кој „почна да се одмотува клопчето“ и на површина излезе дека имало дури 499 такви случаи, авокатот адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во „Фокус“ пишува:
„Сево ова некако ме подсеќа на онаа Нушиќева песна „Два раба” заради која заврши во затвор поради критиката на лицемерието и глупавоста на тогашната кралска клика. Пораката која ја испрати Нушиќ со таа песна може да се примени и на денешните случувања.
Деца не се мачете залудно, шансите ви се слаби,
во Академијата избираат баби,
не трошете време на учење право,
тато правосудниот ќе го положи, со министерот е на здраво“.
Давидовиќ вели дека „само дилетант може да каже дека дискреционо право на министерот за правда е кога некому ќе дозволи порано полагање на правосудниот испит.
Такво право министерот нема, а кршење на законските прописи и подзаконските акти со превземање на дејствие кое не смее да го преземе и со кое некому овозможува или прибавува некоја корист е класична злоупотреба на службената положба што претставува кривично дело.
Надлежните институции за гонење на сторители на кривични дела се должни да преземат мерки и да го испитаат целиот случај.
Смешни се и идиотски оправдувањата дека во Министерството за правда не постојат документи затоа што такви документи има во Академијата, а потврдите за стаж кај оној што ги издал и заверил.
Впрочем, многу лесно се утврдува дали некој предвремено полагал испит со едноставно споредување на датумот на дипломирање и датумот на полагање на правосудниот испит“ пишува Давидовиќ.
…безаконие, самовластие, неодговорност, апашлук, корумпираност, недопирливост и лажливост. Доктрината по која се раководат носителите на функциите е приграби што повеќе можеш за себе и семејството, а ако те фатат прави се недоветен и задолжително декларирај се дека си припадник на националноста без која нема Влада.
Ова што во мигот се прави, начинот на кој се практицира власта и одлуките и законските решенија кои се однесуваат на судството се криминални, хохштаплерски и срамни, оценува Давидовиќ.
