Дали ова име е кандидатот за премиер-Албанец на ДУИ?

Сопственикот на компанијата „Еколог“, Љазим Дестани е кандидат на ДУИ за првиот премиер Албанец, пренесува порталот Ина.

Мала Речица не потврдува.

Од партијата на Али Ахмети велат дека официјално не е разговарано за имиња на кандидати за прв премиер Албанец, туку дека станува збор за концепт, дознава „Плусинфо’.