Данска: Укинат државен празник за поголем воен буџет

weapon budget concept, money as military tank

Данскиот парламент усвои закон со кој се укинува еден државен празники за да се зголеми финансирањето на одбраната.

Новата влада вели дека ќе ги зголеми даночните приходи за да го финансира зголемениот воен буџет поради војната во Украина, јавува ХРТ.Хр

Синдикатите протестираа против откажувањето на Големиот ден на молитвата, христијански празник кој се паѓа на четвртиот петок по Велигден и датира од 1686 година.

Владата настојува да го зголеми буџетот за одбрана поради зголемената геополитичка неизвесност по саботажата на два гасоводи за транспорт на гас од Русија до Германија преку данските води.

Данска ќе се стреми да ја исполни целта на НАТО за трошење два отсто од БДП за одбрана до 2030 година, три години пред предвиденото.

Владата вели дека поголемиот дел од дополнителните 639 милиони долари потребни за исполнување на целта ќе бидат покриени со повисоки даночни приходи што се очекуваат од крајот на празниците.

Синдикатите, пратениците од опозицијата и економистите се сомневаа во ефектот на предлогот, но мнозинската влада го прифати законот со 95 гласа во 179-члениот парламент.

weapon budget concept, money as military tank